недела, 25 декември, 2025 година

Повеќе возила на струја – повеќе дефекти на мрежата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Истовремено полнење на само шест електрични возила на една улица може да предизвика испад во електричната мрежа во населбата, покажува истражување спроведено во Велика Британија.

Според истражувањето енергетскиот систем во Британија бара итни вложувања и модернизација зашто не успева да го следи развојот на електричните возила.

- Advertisement -

Извештајот на Грин Алијанс (Green Alliance) вели дека енергетската мрежа не е подготвена во иднина да се справи со сѐ поприсутните електронски возила и соларни панели. Без инвестиции во значајни надградби на системот, развојот на електричните возила е „рецепт за катастрофа„ со прекини во снабдувањето со електричната енергија, несоодветно производство на енергија за време на пиковите и раст на високите сметки за струја.

Според извештајот за едно полнење на електрично возило потребно е онолку електрична енергија колку што едно домаќинство ќе потроши за три дена.

Денеска во Велика Британија на патиштата има 86,169 плаг-ин и електрични возила и конзумираат помалку од еден процент од годишно испорачаната електрична енергија. Но, до 2040 година се предвидува дека на патиштата ќе има над 4,6 милиони електрични возила, на кои би отпаднал околу 7 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија, објаснува консултантот за енергија Елемент енерџи.

За да се избегнат преоптоварувања и испади на системот, Грин Алијанс препорачува инсталација на умни полначи, кои во случај истовремено да се приклучат повеќе возила што се блиску едно до друго, ќе го одложат полнењето за подоцна, како и инвестиција во генератори од големи размери.
Потребна е инвестиција и во јавни полначи, зашто во период од само четири години односот на возила спрема полначи од 0,78 порасна на 7,34. Според препораките на Европската унија, пак, овој сооднос не треба да надминува еден полнач на 10 возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја