Интересната студија која што беше направена од страна на вработените во американскиот гигант Ford презентираше заклучоци кои велат дека возењето претставува поголемо задоволство отколку бакнувањето со саканата личност или од гледањето на фудбалските натпревари.
Покрај ова од Ford истакнаа и дека возењето особено на спортските автомобили значително влијае на поправањето на менталното здравје кај луѓето.
При правењето на експериментот учесниците во истиот имале задача за ја гледаат ТВ серијата „Game of Thrones“, да навиваат за својот фудбалски тим, посетувале часови по танц, се бакнувале со партнерот, оделе во купување на потребните намирници, но ниту една личност не била возбудена при извршувањето на тие работи како при возењето на спортскиот автомобил.
За да се дојде до резултатите биле анализирани отчукувањата на срцето и мозочните активности на волонтерите со помош на невро-научниците и тоа при возењето на спортските модели Focus RS, Focus ST и Mustang. Притоа на посебни екрани се палеле светилки во моментите кога учесниците во експериментот доживувале висок степен на возбудување, благодарение на современа технологија.
Според резултатите од истражувањето, учесниците бележеле просечно 2.1 ниво на возбудување при возењето на автомобили. При одењето во продавница 1.7, при гледањето нас еријата 1.5, а зад сите нив се наоѓаат бакнувањето и танцот.
Единствено поголемо возбудување од возењето автомобил било покажано при возењето со ролеркостер. Во таа ситуација резултатот бил точно 3.