сабота, 25 ноември, 2025 година

Повеќе од половина скопјани користат сопствен автомобил како основно средство за превоз

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Над 56 проценти од жителите на Скопје користат сопствен автомобил како основно средство за превоз. Ова го става нашиот главен град во друштво на Никозија, Рига и Валета.
Според податоците на Евростат за транспортот што најчесто го користат луѓето од главните градови во Европа, во 2015 година 91 процент од жителите на Никозија, 68 проценти на Рига и Валета и 67 проценти од жителите во Луксембург користеле автомобили.

Од друга страна, пак, 80 проценти од жителите на Париз и 73 проценти од жителите на Виена користеле јавен транспорт, додека 58 проценти од жителите на Копенхаген и 53 проценти од жителите на Амстердам користеле велосипеди.

- Advertisement -

Според анкетата спроведена на граѓаните од град Скопје, 56,65 проценти користат сопствени автомобили како основно средство за превоз до секојдневните дестинации.

Како што e објавено во билтенот на веб-страницата на Град Скопје – zivotnasredina.skopje.gov.mk, како резултат на возењето во такви услови на голем сообраќаен метеж, согорувањето на горивата е поголемо и на тој начин драстично се зголемува создавањето на стакленички гасови меѓу кои е и CО2.

Возењето на автомобили за луѓето често претставува статусен симбол, но и можност за лична контрола и автономија, особено во делови кои се послабо населени и каде опциите за транспорт се ограничени. Најчесто употребувано превозно средство во патниот транспорт во Европа е автомобилот.

Според податоците на Евростат најмногу возила на 1.000 жители има Луксембург – 670 и Италија – 625, додека најмалку возила имаат Бугарија – 393 и Хрватска – 389. Во нашата земја има 200 регистрирани возила на 1.000 жители, што не става меѓу најслабо моторизираните земји во регионот.

По староста на возниот парк, според податоците на Евростат, процентот на возила над две години старост е највисока во Данска – 24 проценти и Белгија – 22 процента. Додека, пак, над  70 проценти од возилата во Литванија, Полска и Естонија се постари од 10 години.

Според податоците на Макстат базата, просечната старост на патничките автомобили во 2018 година во нашата држава е 19,1 години.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја