Повеќе од 50 земји усвоија прописи за автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Немањето на широкоприфатени прописи беше голема пречка за користењето и развојот на автономните возила. Сега, по неколку години истражување, преговарања и договарања постигнат е договор за меѓународно унифицирање на прописите за автономните возила.

Повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги сите членки на Европската Унија, како и Јапонија и Јужна Кореја ја усвоија декларациајта донесена на Форумот за унифицирање на прописите за возила при Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE). Прописот за автоматизирани системи за одржување на возилото во лента (ALKS) ќе стапи на сила во 2021 година.

“Овој меѓународен стандард е важен чекор кон поширока употреба на автономните возила” стои во краткото соопштение на UNECE.

Инаку САД не е дел од овој Форум, но затоа американските производители на возила ќе мора да ги почитуваат новите прописи како би можеле своите возила да ги продаваат во земјите кои ги усвоија овие прописи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK