Најголем дел од возилата се со бела, црна или сива боја, но дали знаете зошто е тоа така?
CNBC направи истражување во кое ги цитираше податоците на BASF според кои четири бои се најчесто користени кај новите возила во 2019 година. Белата боја е апсолутен победник која се користи кај 39% од новите возила, а потоа следи црната со 16%, сивата со 13%.
За разлика од минатото кога улиците беа шаренолики благодарение на возилата, денеска монотонијата е создадена од овие три бои и нивните нијанси, а постојат две главни причини.
Според првата, купувачите ги одбираат овие бои бидејќи се неутрални и одат во комбинација со сe. Ова секако им одговара на производителите кои имаат помал трошок за боите и немаат потреба од чување на залиха на возила со повеќе бои. Токму ова е втората причина која производителите ја искористуваат за да го одржуваат трендот на популаризација на овие бои.
Затоа многу производители нудат повеќе нијанси на бела, црна и сива боја.