Група што претставува 180.000 сопственици на Volkswagen возила подготвува тужба против германскиот автомобилски производител за користење на софтвер создаден да го прикрие вистинското ниво на нитроген оксид во емисијата на гасови од дизелските мотори.
Од фондацијата Volkswagen Car Claim велат дека одлучиле да преземат ваков чекор, по разговорите од 2015 година со Volkswagen, Bosch и холандските автомобилски дилери кои продавале автомобили со софтвер, а се покажале како неуспешни.
Холандската фондација соопшти дека е во преговори со потрошувачки групи во Германија, Австрија и Швајцарија, меѓу другите да се приклучат во паневропска тужба против Volkswagen.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]