Hyundai Motor Company објави дека сопствениците на автомобили од компанијата чија фабричка гаранција истекува во периодот од март до јуни годинава ќе можат да имаат корист до три месеци дополнителн мир како резултат на одлуката на компанијата да ја продолжи гаранцијата поради глобалата ситуација со COVID-19.
Од Hyundai Motor Company велат дека со проширената гаранција ќе можат да им бидат од корист сопствениците на повеќе од 1,2 милиони автомобили во 175 земји низ целиот свет, а како услов ќе бидат актуелизирани на локално ниво.
„Разбираме дека многу од нашите клиенти ќе можат да имаат ограничена или никаква можност да ги сервисираат своите возила во овие чудни времиња“, вели Вонхонг Чо, кој е извршен потпретседател и директор на Customer Experience Division на Hyundai Motor Company.
„Со ова продолжување на гаранцијата, ние сакавме да им предложиме мир во однос на гараниските рмонти и соодветни услуги за следните месеци. Ние сме загрижени не само за здравјето и безбедноста на нашите клиенти, туку и за ‘здравјето’ и безбедноста на нивните автомобили“, додава Чо.