Opel го освежи својот популарен модел Astra, како и караванската верзија Astra Sports Tourer, со нова plug-in hybrid верзија која носи значајни подобрувања – и сето тоа без зголемување на цената.
Од сега, двата модели се достапни со системска моќност од 144 kW (196 КС), нова батерија од 17,2 kWh и електрифицирана 7-брзинска трансмисија со двојна спојка.
Најважни подобрувања:
* Системска моќност: 196 КС (11 kW повеќе од претходно)
* Максимален вртежен момент: 360 Nm
* Електрична автономија: до 83 km (WLTP)
* Цена: Astra PHEV од 38.460 евра, Astra Sports Tourer PHEV од 39.960 евра (во Германија, со ДДВ)
Модерен хибрид со впечатливи перформанси
Новата комбинација од 1.6-литарски турбо бензинец со 150 КС и електромотор од 125 КС (претходно 110 КС) и овозможува на Astra да достигне 0-100 km/h за 7.6 секунди (Tourer: 7.7 с.), со максимална брзина од 225 km/h.
Зголемената батерија од 17.2 kWh овозможува +26 km повеќе електрична автономија според WLTP, односно вкупно до 83 km – совршено за градско возење без емисии. Потрошувачката е намалена на 12.7–13.1 kWh електрична енергија и 2.2–2.4 литри гориво на 100 km, што е значително поефикасно од претходната генерација.
Новата 7-брзинска DCT трансмисија обезбедува порафинирано искуство, додека опремата вклучува:
* 10-инчен инфотејнмент и инструмент дисплеј
* Безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto
* „Keyless Start“ систем
Цените за новите plug-in hybrid верзии остануваат непроменети – и покрај технолошките надградби. Со ова, Astra и Astra Sports Tourer стануваат уште попривлечни во класата, нудејќи баланс меѓу ефикасност, перформанси и практичност.









