Повеќе електрични камиони, повеќе заштита за климата

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на камиони треба да станат електрични за да можат да бидат постигнати целите на Еврипската унија за подобрување на климата. Ова е резултат на студијата која Здружението на автомобилската индустрија (VDA) му ја нарача на Институтот за истражување и иновации Fraunhofer (ISI).

Насловот на студијата е: „Високоефикасната мрежа за брзо полнење за електричните камиони“. Заклучокот на истражувачите: Намалување на штетните емисии на СО2 од тешките товарни воила до2030 година во согласност со климатските цели на Европската унија може да се постигне само со електрифицирање на дел од возниот пар и со 260 станици за полнење со вкупно 1200 точки за полнење на електрични камиони низ германските автопати.

Експертите проценуваат дека е потребно брзо полнење гориво на растојание од околу 50 километри, како што е просечното средно растојание меѓу сегашните бензински станици таму. Ваквото проширување на инфраструктурата би дозволило достигнување на дел од 15% од електрифицираните трговски превозни средства.

Истражувачите проценуваат дека вкупните трошоци за проширување на системот за станици за полнење на јавни камиони по автопатите се движат меѓу 200 и 500 милиони евра во зависност од густината на мрежата за полнење, пробивањето на пазарот на електричните камиони и намалување на расходите на инфраструктурата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK