Потврдено од ADAC: Секое второ возило купено од Германија е со лажирана километража

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот парламент неодамна призна дека голем број на автомобили на пазарот имаат намалена и вратена километража. Со тоа беше изгласан извештај за манипулациите со километражата, па се предлагаат закони со кои таква измама би била третирана како казниво дело.

Според истражувањето на АDAC, речиси секој трет автомобили кој во моментов се продава во Германија на пазарот на половни возила има вратена километража. Сепак, во случај на користени автомобили кои се наменети за извоз оваа броја се зголемува на речиси 50 проценти.

Значи, речиси пола од сите користени автомобили кои се увезуваат од Германија практично се чиста измама на крајниот купувач бидејќи не добива онаков вид автомобил каков се подготвени да платат. Потполно е сеедно дали на некому ќе му бидат украдени илјада или две илјади евра од паричникот бидејќи купувачот плаќа нереална ситуација односно онакка-како што прикажува бројачот на километри.

Со оглед на овие факти правниците се согласуваат како европскиот парламент е на добра трага и како е потребно измамите со манипулација на прејдени километри да ги третираат како казниво дело.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK