Потврдено: Новото VW Polo дебитира на 18 јуни (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Покорувањето на сегментот на градски автомобили од страна на Volkswagen треба да се направи со новото VW Polo, што според најавите на компанијата треба да биде покажано на 16 јуни. Моделот ќе биде прикажан на јавноста потоа на саемот во Франкфурт во септември. Новото Polo доаѓа како замена за претходниот модел по 8 години.

И додека се чека прикажувањето на новото Polo во јавноста веќе имаше фотографии и видеа од камуфлиран модел, но и некои фотографии за кои се тврдеше дека се токму од новиот модел на Polo направени во Јужна Африка.

https://youtu.be/3FVQSNHMPWk?list=PLmuoo4kGcGD7e0Ih60fXSe-y4F6sFGlwm

Германците веќе објавија и неколку промотивни видеа околу развојот на новото Polo, што кулминира на крајот со покажување на силуетата на моделот.

Новото Polo ќе биде поставено н ановата MQB A0 платформата што ќе ја дели со Skoda Fabia и Seat Ibiza. Ќе има и голема понуда на бензински и дизелски мотори, и како врв треба да биде моделот GTI што ќе има 2.0 литарски TSI моторои од претходниот Golf GTI.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK