Првично најавен за саемот во Франкфурт, а потоа за почетокот на 2020 година, новиот VW Golf сепак светската премиера ќе ја има во октомври. По 35 милиони продадени возила сега на ред е 8-та генерација.
Според пишувањето на Motor1, а потврдено од страна на германскиот производител, промоцијата на Mk8 e закажана за 24 октомври на специјално организиран настан во Волфсбург, Германија.
Одложувањето во однос на саемот во Франкфурт е направено за да има поголемо медиумско внимание за моделот ID.3 електричниот хечбек што беше промовиран.
Во истата фабрика ќе се произведува и караванската верзија.
Повеќе детали ќе бидат познати следниве денови.

Следете не и на:

