Во исчекување на стартот на сериското производство на Ford Bronco, американскиот производител објави официјализирање на 125 илјади нарачки за овој автомобил.
Ford уште на средината на минатата година започна да прима пред-нарачки за овој модел. За девет месеци на адресата на овој производител пристигнаа нешто повеќе од 190.000 пред-нарачки што само по себе го покажува потенцијалот на овој модел. Од нив, 125.000 сега се потврдени, па со самото тоа познати се и првите 100 илјади сопственици на Ford Bronco.
“Побарувачката… е навистина голема” изјави маркетинг менаџерот на Ford Марк, Грубер. Toj додаде дека во моментов прават се што можат за купувачите да ги добијат своите автомобили најбрзо што може.
За потсетување, по низата одложува премиерата на овој модел се случи на 13 јули минатата година кога и заинтересираните имаа можност да го резервираат својот примерок за само 100 мерикански долари. Почетокот на производството почнува оваа пролет во фабриката во Вејн, Мичиген.
Ford Bronco ќе биде дел од глобалната понуд на американскиот производител, вклучувајќи ја и европската. Цените за европскиот пазар остануваат непознати.