петок, 25 октомври, 2025 година

Потрошувачка на гориво и летни горештини: Спуштени прозорци или вклучен клима уред?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Доколку користите клима, можете да ја зголемите потрошувачката на гориво за дури 10%, но отвoрањето на прозорец во некои услови може биде уште понеекономично. Што е поекономично за подносливо возење со летни автомобили?

Треба ли да се отвори прозорец или да се вклучи клима? Тоа е прашање на кое многу возачи размислуваат, а волшебната граница е 72 км/ч.

- Advertisement -

Под оваа брзина има смисол да се отворат прозори во возење за да се олади автомобилот. Над оваа брзина, ефектот на отпор на прозорците кои се отворени почнува да ја врти ситуацијата во корист на уклучување на климата односно тогаш потрошувачката на климата е пониска.

Овој совет се темели на резултати на студијата на друштвото на автомобилски инженери (SAE), која ги проучувала отворените прозорци во однос на клима уредите.

Постојат многу променливи кои ова истражување не можеше да го објасни како: колку прозорецот е отворен, аеродинамика на различни модели на автомобили, колку долго некој може да го користи својот клима уред (како што некои други би можеле да го користат само за кратко разладување) и можноста за употреба на вентилатоот без уклучување на климата.

Сепак, брзината од 72 км/ч претставува прилично добра граница. Ако користите клима, можете да ја зголемите потрошувачката на гориво за дури 10%, но отворањето на прозорецот при високи брзини може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%.

Исто така вреди да се разгледа и вашата изложеност на загаден воздух во градско возење. Во тие ситуации веројатно е најдобро да се избегнува отворање на прозорецот. Меѓутоа, се знае дека во топли услови може да биде многу непријатно, па како решение може да се вклучи климата, но затворете ги надворешните вентилациски отвори така што воздухот само рециклира воздух од кабина, а не вовлекува воздух однадвор бидејќи во градската мешаница во возилото ќе влезе сè она што излегува од ауспухот на возилот пред вас.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја