понеделник, 25 декември, 2025 година

Потрагата заврши – Најстарата Fiesta во Македонија ќе добие разубавување

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По 40 дена трагање како дел од прославата на 40 години од Ford Fiesta, во Македонија беше презентирана најстарата Fiesta кој ќе добие третман на разувавување.

Фиестата која беше избрана за настара е произведена во 1979 година, и зад себе има минато речиси 500.000 километри. Три генерации е во семејството Тодоровски, и се уште е во одлична возна состојба.

- Advertisement -

Времето си го прави своето, па најголемиот проблем го има со каросеријата, но автомобилот е „пали – вози“. По 40-те денови минати во сервис, истото возило повторно ќе биде претставено само сега целосно дотерано, и ќе остана во семејството Тодоровски.

„При оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiesta засега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“, рече Дритон Заири, директорот на компанијата Ми-Да Гранд Моторс.

Во следниот период возилото ќе биде подложно на лимарско и механичко дотерување, со цел да се реставрира во што е можно подобра состојба.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја