И додека седaн верзијата на Series 5 имаше целосна замена со нова генерација, моделот BMW 6 веројатно ќе почека на нешто такво. Засега се направени помали измени на луксузното купе и кабриолет верзијата. Но, сето тоа е само освежување.
Тоа сѐ уште е возилото претставено во 2011 година, но сега преку програмата на BMW Individual постојат нови можности за прилагодување. Целта е моментно да се направи одредено подмладување, и моделот сѐ уште да биде интересен за купувачите додека не дојде на ред неговиот заменик.
Купувачите сега ќе имаат избор на новите пакети М Sport, што е достапно со јаглеродни влакна во внатрешноста, што досега беше достапно само на моделот M6. Има и нова палета на бои, и уште две нијанси на 20 инчните тркала.
Наследникот на BMW 6 треба да дебитира во 2018 година, односно да се најави неговиот изглед заедно со новата серија 5 и X2 Concept на саемот во Детроит следниот месец.