Здружението на потрошувачите на Германија и Volkswagen постигнаа договор и производителот ќе мора поради своите „валкани дизел автомобили“ на купувачите да им исплати отштета во вредност од 830 милиони евра.
Ова значи дека повеќе од 260.000 лица ќе добијат компензација, а „пакетите“ ќе бидат во износ од 1.350 до 6.858 евра, а Здружението на потрошувачите вели дека ова е околу 15 проценти од оригиналната цена.
Доколку купувачот не е задоволен со спогодбата, може истата да ја одбие и да оди на суд во сопствена режија со оглед на тоа што ова било брзо и сигурно решение.
Купувачите својата одлика мораат да ја донесат до 20 април годинава, но во секој момент можат да го контактираат својот адвокат и тие трошоци ќе ги покрие Volkswagen, но нема да се повеќе од 190 евра и тоа само доколку купувачот одлучи да ја прифати спогодбата.
,
Пакетот на компензација се однесува на жителите на Германија кои купија Volkswagen автомобили со дизел мотори најдоцна до 31 декември во 2015 година. Тие од Volkswagen ќе добијат писмо во кое ќе им биде сè објаснето, како и ПИН код со кој ќе добијат посебни информации за пакетот на веб страната на компанијата.