Последното истражување покажа: Автоматското запирање ги намали несреќите

ОБЈАВЕНО НА:

Системот за предупредување за можен судир и автоматско запирање во есктремни ситуации драстично го редуцира ризиок од катастрофа, а ова го потврдуваат и истражувањата на американскиот Национален институт за патна безбедност (IIHS). Проучувањето ги има земено предвид автомобилите од понудата на General Motors, произведени меѓу 2013 и 2015 година, но според експертите дава добра претстава за користа од технологијата.

Според IIHS автомобилите опремени со системи за предупредуваењ и автоматско запирање 43 проценти поретко имале несреќи отколку автомобилите без таква опрема. Во однос на повредените и загинатите со помош на технологијата нивното изнегнување е уште повисоко и е 64 проценти.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека дури и основните модели со системот за предупредување, но и без функција за автоматско запирање се многу побезбедни од скапите автомобили без такви. Технологијата спречува 17 проценти од ударите одзади и 30 проценти од несреќите со настрадани и жртви.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK