Последните примероци од популарната „буба“ продадени преку Amazon

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот месец во фабриката на Volkswagen во мексиканскиот град Пуебла беше произведен последниот примерок од популарната Буба. Сега, по речиси еден месец и официјално е потврдено дека се испорачани и последните примероци од овој култен автомобил.

Она што е интересно е дека овие примероци се продадени и испорачани преку сајтот за интернет продажба Amazon кој овој автомобил го понуди исклучиво за купувачите во Мексико.

Со натпис “Final Edition” произведени се вкупно 65 примероци од овој автомобил и сите се испорачани преку овој интернет сервис. При тоа цената на истите изнесуваше 21 илјади американски долари, пренесува Дојче Веле.

По објавувањето на крајот на производството, на пазарот на половни автомобили цената на овој култен модел значително порасна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK