Последниот автомобил произведен во погоните на Saab во Шведска оди на аукција. Станува збор за моделот 9-3 Aero произведен во 2014 година во фабриката во шведскиот град Тролхатен.
Овој автомобил сега ќе се појави на аукција, а во меѓувреме е претставен во музејот на Saab во Тролхатен. распоалга со 2.0 литарски турбо бензински мотор кој продуцира 220 КС, а е со 6 степен автоматски менувач. Има поминато само 5 километри, а засега не е позната почетната цена која ќе се наддава.
Инаку овој шведски производител беше основан во 1945 година, а низ историјата беше сопственост на бројни компании како што се Saab-Scania, General Motors и Spyker N.V. Поради финансиски тешкотии компанијата во 2012 година објави банкрот по што следеше повторно рестаритрање на производството кое траеше само една година по што Saab замина во историајта.