Добро е познато дека Saab по 67 години, во 2012 и официјално го означи крајот на своето постоење. Година претходно, во 2011 година го прекина производството на автомобили. Сепак во декември 2013 година компанијатта доби нов сопственик и производството траеше се до 2014 година.
Во тие две години беа произведени само 420 примероци, а последниот од нив, моделот 9-3 Aero Turbo се најде на аукција. Истиот е објавен од страна на Bilweb, а ориентационата, почетна цена се движи од 35 до 45 илјади американски долари.
Автомобилот, произведен во 2014 година со сребрена боја, располага со 2.0 литарски турбо бензински мотор од 220 КС, а според спецификацијата досега има поминато само 64 километри.