После 30 години Lufthansa со нов брендинг

ОБЈАВЕНО НА:

Авиопревозникот од Германија, Lufthansa после 30 години се ребрендира и како водечка боја во иднина ќе ја има сината. Знакот кој беше изработен пред точно 100 години од Ото Фирле останува основа и за новото лого на компанијата, но ќе биде преобразен во хармонија со дигиталниот свет.

Исто така ќе биде зачувана и сино-жолтата комбинација на Lufthansa, но ќе се смени основната боја која во иднина ќе биде сина. Токму сината боја ќе биде и основната на Lufthansa Group.

Компанијата воведува и нов дизајн на униформите на екипажите. Редизајн ќе претрпат и артиклите во авионот како приборот за јадење, облеката и перничињата.

Во текот на следните две години ќе биде направена замена на дури 160 милиони артикли.

Имиџот на Lufthansa Group исто така е модернизиран.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK