Потребни беа 15 години и три генерации за од фабриката на Bentley лоцирана во англискиот град Кру да излезе 40 илјадитиот Bentley Flying Spur.
Станува збор за модел кој е лансиран во 2005 година, а кој е познат и под називот Continental Flying Spur. Дизајнот на првата генерација е на Дирк ван Брекел, а оваа генерација се темели на D1 платформата на Volkswagen Групацијата.
Јубилејниот примерок од третата генерација располага со 6,0 литарски W12 twin-turbo мотор со 8 степен автоматски менувач. Се темели на MSB платформата истата онаа која се користи и кај Porsche Panamera.
Од производителот објавија дека најголем дел од овие 40 илјади продадени примероци се пласирани на пазарите во Кина и Северна Америка.