Поскапуваат вињетките за користење на патиштата во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу европски земји, употребата на автопатишта се наплаќа, некаде има вињетки а некаде се наплаќа за одредена делница. Во Македонија се наплаќа користењето на автопатот со патарина на одредни делници. Кај нашите соседи е сосема различно: Бугарија се наплаќаат вињетки за територијата на целата земја, во Србија се патарина на одредени делници, исто како и во Грција.

Во некои земји најавено е дека на вињетите ќе се зголемат во 2021 година. Цените на вињетките во Австрија малку се зголемија.
Новата цена за годишната вињета за автомобили е 92,50 евра (плус 1,40 евра), за два месеци 27,80 евра (плус 40 центи), а налепницата за десет дена сега чини 9,50 евра (плус десет центи).

Мотоциклистите исто така ќе мора да платат повеќе: годишната вињета сега чини 36,70 € (плус 50 центи), двомесечната вињета 13,90 € (плус 20 центи) и десетдневната вињета 5,50 € (плус десет центи).

Возачите на кои им е потребна годишна вињета за Швајцарија сега треба да платат 38,50 евра. Намалувањето на цената за 50 центи се должи на промените на девизниот курс, во Швајцарија вињетата сè уште чини 40 франци.

Во Словенија, цените ќе останат стабилни во 2021 година, со тоа што годишната вињетка за автомобил сè уште чини 110 евра, за еден месец 30 евра и седум дена 15 евра.

Возачите кои редовно возат во соседните земји сега можат да купат и користат вињети за 2021 година за Австрија, Словенија и Швајцарија.

Годишните вињети за 2020 година важат до 31 јануари 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK