сабота, 25 декември, 2025 година

Поскапуваат патарините и во Србија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Владата на Република Србија на последната седница донесе одлука за дополнително зголемување на цената на патаријата за сите категории на возила. Висината на поскапувањето изнесува 1,8%, а истото се правда со порастот на стапката на инфлација.

Танјуг пишува дека возачите сега ќе плаќаат од 10 до 30 динари повеќе, а најголемо поскапување во апсолутна вредност има кај камионите чиј возачи сега ќе плаќаат од 50 до 160 динари повеќе.

- Advertisement -

Висината на патарините и натаму ќе се пресметува по поминат километар. Така за првата А категорија новата цена по поминат километар ќе изнесува 2,073 динари, за првата категорија 4,146 динари, третата категорија возила по поминат километар ќе плаќа 6,219 динари додека четвртата 12,438 динари, соопштија од Путеви Србија.

Од Прешево до Белград патарината за автомобилите сега ќе изнесува 1.490 динари. Од Белград до Димитровград ќе изнесува 1.310 динари, а од Белград до Суботица 640 динари.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја