недела, 25 декември, 2025 година

Поскапува паркирањето во општина Центар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од 8 јануари паркирањето на паркиралиштата во надлежност на Паркинзи на Општина Центар значително поскапува.

Во соопштението објавено на интернет страната на општината Центар се вели дека цените ќе се покачат за 20 денари и тоа на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

- Advertisement -

Тоа значи дека цената за еден час во зоната 2 каде паркирањето е најевтино, ќе изнесува 50 денари додека најскапо ќе остане да биде во зоната 0 каде за еден час ќе треба да платите 120 денари.

“ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до сите граѓани кои не се жители на Општина Центар да ги остават своите автомобили и да го користат повеќе градскиот и  алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети и т.н.) со кој значително ќе се реши сериозниот проблем со паркирањето во Општина Центар, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.” стои меѓудругото во соопштението на Општината.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја