На 23 мај 1930 година во Торино од страна на Батиста Фарина основана е компанијата за дизајн Pininfarina. Токму во чест на 90 годишнината во Италија е издадена поштенска марка.
Истата е издадена од Министерството за економски развој при тшо се испечатени 400 илјади копии со поединечна вредност од 1,1 евра.
„Автомобилскиот дизајн го пресретнува фацинантниот свет на филателијата и му дава живот на ова минијатурно ремек дело“, изјави 62 годишниот Паоло Пининфарина кој е претседател на компанијата.
Својата популарност оваа компанија ја доживеа со дизајните кои со децении ги развиваше за Ferrari, Alfa Romeo, Fiat, Lancia и Maserati. Во 2015 година оваа компанија е откупена од страна на Mahindra Group за 168 милиони евра.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]