Панедмијата со КОВИД-19 или попознато како коронавирусот го парализирае светот, буквално во секој сегмент. Вонредните состојби и полициските часови кои се на сила во многу земји ги погоди и автомобилските производители. Поради строгите мерки, а со цел да не изгубат многу на продажбата, многу светски брендови овозможија купување на автомобил од дома и тоа преку виртуелен салон.
А тој тренд следи и кај нас. Компанијата Порше Македонија веќе објави дека за брендовите што тие ги застапуваат имаат СПЕЦИЈАЛЕН ОНЛАЈН БОНУС ОД 1000 ЕВРА за сите возила набавени на лизинг преку Порше Лизинг и што ќе бидат превземени од 30 јуни 2020 година.
Едноставно треба да видите што има на залиха во моментов, и на цената што е на возилото ќе го добиете овој онлајн бонус. Од Порше Македонија велат „Ги оптимизиравме нашите процеси за полесно да стигнете до алатката на вашата мобилност. Разгледајте ги нашите веднаш достапни возила, а ние ќе бидеме подготвени безбедно да Ви ги испорачаме. Затоа што вашата безбедност е нашиот врвен приоритет…
- За возилата од програмата на Volkswagen
- За возилата од програмата на Audi
- За возилата од програмата на Seat
- За возилата од програмата на Skoda
Онлајн продажба веќе имаат организирано и многу светски брендови, а особено во САД каде постојат онлајн продавници. Во соопштение, General Motors наведува дека сите брендови во сопственост на овој прозиводител, Buick Cadillac, Chevroleet и GMC ќе бидат достапни преку онлајн продажбата. При тоа, потенцијалните купувачи преку онлајн продавницата ќе имаат можност да ги добијат сите услуги како и при непосредно купување. Ќе има можност да одберат боја, опрема, начин на плаќања вклучувајќи го тука и изборот на пакети за финансирање со сите потребни пресметки.
https://youtu.be/lmpBgTQ0N0E
Процесот на подготовка на возилото за испорака ќе трае околу 48 часа, наведуваат од GM.