Брендовите под капата на Volkswagen Групацијата имаа лоша 2020 година кога е во прашање продажбата. Сепак треба да се има предвид дека 2020 година беше навистин атешка, непредвидлива и пред се исполнета со предизвикот наречен Ковид-19. Па затоа поважно е задржување на стабилноста и побрзо враќање на „нормалното работење“
Porsche оствари пад на продажбата од 3% во однос на 2019 година при што минатата година испорача 272.162 автомобили на глобалниот пазар. При тоа треба да се напомене дека електричниот Taycan беше продаден во 20.015 примероци што дава надеж дека овој автомобил во 2021 година ќе биде најпродаваниот модел на германскиот производител.
Audi пак, оствари пад од 8,3% испорачувајќи 1.692.773 автомобили. При тоа, електричниот E-tron беше продаден во 47.324 примероци. Иако луксузните спортски производители најмалку ги погоди пандемијата на коронавирусот и најголем дел од нив остварија дури пораст на продажбата, Lamborghini оствари пад и тоа од 9%.
Најголем пад на продажбата забележа Volkswagen од 15,1% во однос на 2019 година испорачувајќи 5.328.000 возила. Најголем пад имаше во Европа од 23,4%, а во Кина падот изнесуваше 9,9%.