Во време кога поради пандемијата од коронавирусот, европската организација за тестираше на безбедноста и сигурноста на возилата, Euro NCAP нема спроведено краш тест, и покрај бројните новитети, време е да се потсетиме за еден краш тест.
Станува збор за краш тестот на моделот Taycan, првиот електричен автомобил на Porsche.
Овој автомобил се здоби со максимални пет ѕвезди, но по параметри е далеку од најбезбедните автомобили. Во поглед на безбедноста на возрасните оствари скор од 85%, за 2% повеќе од безбедноста на децата односно патниците на задната клупа.
Во поглед на безбедноста на пешаците оствари скор од 70% додека за безбедносната поддршка и асистенција на возачот 73%.