Првиот електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan е избран за најдобар електричен автомобил во светот, во избор на еминентниот британски медиум “The Sun”. Од уредничкиот колегијум на овој медиум, Porsche Taycan доби низа пофалби, како за дизајнот, така и за перформансите.
Овој модел, Porshce го претстави како вистински адут за електричната иднина на овој производител, но и како конкурент на Tesla автомобилите.
За импресивноста на овој модел, поркај одличните брзински перформанси говори и напредната технологија која е составен дел од овој автомобил, одличните безбедносни перформанси на Euro NCAP краш тестот, но и импресивната бројка од над 30 илјади резервации од страна на купувачите.