Porsche Taycan дебитираше на Гудвуд возен од Марк Вебер

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот Формула 1 возач, Макс Вебер се најде во центарот на вниманието на фестивалот на брзина во Гудвуд откако дебитираше со првиот целосно електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan.

Овој 41 годишниот Австралијец ја имаше честа да го вози овој автомобил на своето деби пред пошироката јавност.

Токму Taycan со неговите супер перформанси беше најзаслужен за воздишките кај публиката.  До 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење ќе може да помине речиси 500 км.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK