Porsche слави 10 години од првиот хибриден автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 75.000 хибридни автомобили се направени во фабриката на Porsche  во Лајпциг. Таму Porsche уште во 2010 година го претстави Cayenne S Hybrid и тој луксузен СУВ едноставно ја воодушеви планетата.

„Со текот на годините Porsche еволуираше од технолошки пионер до единствен произведувач во премиум сегментот, кој истовремено нуди три plug-in хибриди“, нагласи Албрехт Рејмонд, член на Извршниот одбор за производство и логистика, Porsche AG.

Porsche во целост е насочен кон Е-перформанси во својата фабрика во Лајпциг. Доволно е само да се погледне во поставата. Panamera S Hybrid таму го прослави својот почеток на производството само година дена после светската премиера на Cayenne S Hybrid.

Компанијата Porsche го дополни асортиманот на plug-in хибридните автомобили со додавање на новата Panamerа 4S E-Hybrid и нејзиниот целосно нов погонски систем со 560 коњски сили, а од фабриката во Лајпциг произлегоа повеќе од 75.000 хибридни автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK