Porsche сели дел од производството во Малезија?

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche е на чекор до официјализација на одлуката за проширување на производството во Југо-источна Азија. Станува збор за отворање на својата прва фабрика во Малезија, објавува Channel News Asia.

Според малезијскиот весник The Edge Weekly, изминатиот викенд германскиот производител потпишал договор со Inokom Corporation за заедничко градење на фабриката која ќе биде лоцирана во сојузната држава Кедар, во близина на Пенанг.

Од Porsche засега сеуште нема официјална потврда, но директорот за корпоративна комуникација на Porsche, Кристијан Вајс, за горенаведените весници потврди дека Малезија има одличен потенцијал и дека се испитува теренот.

Инаку Porsche нема да биде првиот познат производител со фабрика во оваа земја. Претходно, во оваа земја инвестираше и Mercedes-Benz, а BMW отвори фабрика за производство на мотори.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK