Нов голем удар за Volkswagen групацијата поточно за Porsche. Германскиот производител е принуден да повлече речиси 60.000 автомобили од моделите Macan и Cayenne поради замена на софтверот за издувни гасови.
Со ова повлекување кое е наложено од страна на надлежните германски служби, погодени ќе бидат 52.831 возило од моделот Macan опремен со 3.0 литарски V6 мотор и 6.755 возила од моделот Cayenne опремен со 4.2 литарски V8 мотор. Околу можното опремување со сомнителен софтвер, Porsche ги информираше германските служби уште на почетокот на годината, а германскиот производител објави дека во целост ја презема одговорноста за оваа т.н. манипулација.
Porsche oбјави и дека сите трошоци поврзани со повлекувањето ќе бидат повлечени од нивна страна, а на сопствениците ќе им бидат понудени две алтернативи, користење на заменско возило или одредена парична надокнада.
Инаку ова е вторно повлекување овој месец за Porsche откако пред само неколку недели беше објавено дека од САД ќе повлече 305 автомобили од моделот 918 Spyder.