Porsche подготвен за електрификација: Инсталирани полначи кај дилерите во Берлин

ОБЈАВЕНО НА:

Промовирањето на електричниот модел на Porsche, наречен Mission E sedan е закажана за 2019 година, но германскиот бренд веќе забрзано се подготвува за неговата појава. Затоа се веќе инсталирани полначи од 350 kW се инсталирани кај дилерите во Берлин. На сличен проект се работи и во Атланта.

Овие полначи треба да овозможат моделот за 15 минути да ја наполни батеријата со 80 отсто. Исто така ќе може да се полнат и модели со помала моќност, а сето ова треба да и овозможи на компанијата брзо електрифицирање во иднина и полесна одлука на потрошувачите да купат вакво возило.

Во моментов во понудата на Porsche има два модели каде се користат батерии, и тоа Cayenne S E-Hybrid и Panamera 4 E-Hybrid. Двата користат батерии со мала сила и моќност и послаби електромотори, со што многу и не се чувствува некоја замена за нивните силни бензински мотори. Panamera Turbo S E-Hybrid има 671 КС.

Но, Mission E според сегашнит еинформации ќе има 800 волтен систем како и концептното возило и кога ќе се понуди во продажба ќе има два електромотори и голема батерија. Првично се очекува варијантата да ипорачува 592 КС, и електричниот седан до 100 км/ч. ќе забрзува за 3,5 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK