Porsche останува “Made in Germany”

ОБЈАВЕНО НА:

Оливер Блуме стави крај на сите шпекулации за изградбата на фабрика на Porsche во Кина, барем во блиска иднина. За Financial Times, 52 годишниот Германец потенцираше дека токму тоа што автомобилите на Porsche се произведуваат во Европа, е главен фактор за создавањето на имиџот на квалитетен производител.

Шпекулациите за можноста за изградба на фабрика на Porsche во Кина се појавија минатата година, а главната причина за ова е фактот што Кина е најголемиот национален пазар на Porsche. Така, во оваа земја минатата година, биле испорачани 88.968 Porsche возила од вкупно испорачаните 272.262 на глобално ниво.

Со ова, Porsche и натаму останува да се произведува во Германија. Во моментов, најголем дел од моделите се произведуваат во фабриките во германските градови Цуфенхаузен и Лајпцих, а единствен модел на Porsche кој се произведува надвор од Германија е моделот Cayenne кој се произведува во Братислава, Словачка.

Сепак Блуме не ја исклучува можноста во иднина Porsche да се произведува во Кина, но тоа сигурно нема да се случи во наредните 10 до 15 години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK