Porsche на саемот во Женева има парола „Поглед кон иднината“ и во однос на неа и ги откри првите детали околу новиот концепциски развој Mission E Cross Turismo, кој ни дава можност да погледнеме кон еден елетричен кросовер на иднината од легендарната марка.
Со должина од 4.95 метри, Mission E Cross Turismo е со четири придвижувани тркала, индукциски систем за полнење на батеријата и два електромотори со вкупна моќност од 600 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч успева да развие за помалку од 3,5 секунди и да ја достигне границата од 200 км/ч за помалку од 12 секунди.
„Mission E Cross Turismo е израз на тоа, како ние си претставуваме една целосно електрична иднина. Toj го комбинира спортот со секојдневното применување на уникатен начин. Нашиот автомобил може да се вози брзо, но исто така и брзо да се полни“, велат од Porsche.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=75&v=oa5F1cWLnRg
Сериската верзија на Porsche Mission E Cross Turismo ќе биде видена во текот на следната година.