Информациите дека Porsche има намера да се откаже од сите дизел мотори за своите модели во иднина се демантирани од страна на германската компанија. Објавеното соопштение вели дека не станува збор за целосно отфрлање на дизел моторите туку дизел моторите повеќе нема да ги има кај Panamera и Macan, додека новиот Cayenne ќе добие агрегат на нафта.
Веќе се знае и тоа дека Porsche го адаптира 3.0 литарскиот дизел мотор на Volkswagen Touareg за потребите на Cayenne.
Porsche веќе објави и дека моделот ќе се нуди само на европскиот пазар, а основната таргет група ќе бидат корисниците од Германија. Во САД возилото воопшто нема да се продава.