Минатата календарска година беше одлична за Porsche како за продажбата така и за остварениот профит. Голем удел во крајниот перформанс имаат и вработените, а тоа не остана незабележано и ненаградено од страна на германскиот производител.
Така во априлската плата сите вработени во Porsche, без разлика од позицијата ќе добијат по 9.000 евра по основ на успешност, а покрај оваа сума ќе добијат и дополнителни 700 евра кои ќе бидат уплатени во нивниот дополнителен пензиски фонд.
Оваа награда ќе им биде исплатена на речиси 25 илјади вработени. Наградувањето не е непознаница за работниците во Porsche. Така овој производител и изминатите години ги наградуваше своите вработени и тоа 9.656 евра во 2017 и 9.111 евра за 2016 година.