И Porsche може да троши 3 литри!

ОБЈАВЕНО НА:

Спортските автомобили важат за „голтачи“ на гориво за да можат да ја развијат високата брзина. Меѓу познатите производители на спортски возила е и Porsche, а сега тие во својата понуда имаат возило што троши само 3 литри, а може да се вози со брзина и до 310 км/ч.

Porsche го прошири својот асортиман на хибридни автомобили, додавајќи го во понудата и Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo. Возилото е опремено со четирилитарски V мотор, со осумцилиндри, во комбинација со електромотор. Вкупната максимална моќност е 680 коњски сили и максимален вртежен момент е 850 Нм.

Во комбинација со осумстепена роботизирана менувачка кутија, Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo е во состојба да понуди забрзување од 0 до 100 км/ч. за 3.4 секунди, од 0 до 200 км/ч. за 8,5 секунди и максимална брзина со брзина од 310 км/ч.
Во исто време, според официјалните податоци на производителот, спортското возило троши само 3 литри гориво за возење на секои 100 километри, а првите 49 км. од нив можат да бидат поминати во целосно електричен режим.

Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo е опремена со литиум-јонска батерија (14.1 kWh), која може да биде наполнета а од 2,4 до 6 часа во зависност од напонот.
Основната цена на Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo е одредена на 188.592 евра за Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK