Porsche мора да им плаќа на купувачите за очила за сонце

ОБЈАВЕНО НА:

Автопроизводителот Porsche во САД се соочи со многу чудна групна тужба, а како резултат на постапката компанијата е обврзана да ги компензира потрошувачите за трошокот што го имаат за купување очила за сонце.

Според досегашните искуства исходите од ваквите тужби, дури и кога е во прашање сигурноста на возачот, не влијаат на постапките на автопроизводителите во Македонија или во останатите европски држави. Но, интересно е што постапката на Porsche во САД е испровоцирана токму од тврдењата на купувачите дека нивната безбедност е загрозена поради дизајнот на инструмент таблата, односно одблесокот од инструмент таблата.

Motor Trend открива дека Porsche се спогодил со тужителите, а според спогодбата сите купувачи кои во периодот од 2007 до 2016 година купиле возило на Porsche, независно од моделот, имаат право да побараат компензација. Под услов типот на инструмент таблата во возилото да е Cognac, Luxor Beige, Natural Brown, Platinum Grey или Sand Beige.

Само купувачите кои имаат Porsche со овие карактеристики може да добијат компензација од 175 долари.

Сопствениците на Porsche барањето за компензација на трошокот за очила за сонце треба да го достават до 21 септември. Сопственици кои направиле некои модификации на таблите за да го намалат одблесокот можат најдоцна до 25 јуни 2018 година да поднесат барање за компензација.

Иако Porsche на почетокот се спротивстави на тужбата дека одблесокот од таблата претставува безбедносен ризик, потоа одлучи дека дека не сака да се вложува во долга и скапа судска постапка. Адвокатите на тужителите, пак, со спогодбата добиваат 790 илјади долари за адвокатски надоместок и 50 илјади долари за трошоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK