Американската агенција за безбедност на патот, NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) објави дека после сигнал даден од нејзина страна, Porsche ќе почне сервисна акција за најпродаваниот автомобил на глобално ниво, Macan.
Проблемот кој бил откриен од NHTSA e поврзан со потенцијална опасност од истекнување на гориво кое може да доведе до предизвикување на пожар.
Сервисната акција, се очекува да почне на 10 април, а ќе се однесува на бензинците на Macan, кои се произведени од 2015 до 2018 година. Од NHTSA предивдуваат дека бројката на возилата би требало да биде над 70.000.
Голобалната продажба на Porsche во 2019 година достигна ниво од 280.800 возила, а околу 192.000 од нив беа претставници на СУВ моделите Macan (99 944) и Cayenne (92 055).