За декември е најавен спектаклот на соработката која ги обедини Porsche и Lucas Film. Производителот на луксузни автомобили и авторот на едни од најдобрите филмски франшизи заеднички ќе го дизајнираат вселенскиот брод за новиот филм „Војна на ѕвездите“.
Возилото ќе биде претставено на премиерата на филмот„ Star Wars: The Rise of Skywalker“, а на истото гледачите ќе можат да му се восхитуваат и во филмот. Засега проектот уште е во фаза на развој, а тимовите ќе се сретнт во Штутгарт и во Сан Франциско за да го изготват финалниот план за футуристичкото летало.
Михаел Мауер, кој е портпарол на Porschе, ентузијастички зборува за соработката, додавајќи дека автомобилските и филмските гиганти споредлуваат слична филозофија за дизајнот. Познавачите не се согласуваат – возилата и бродовите во „Војна на ѕвездите3 се индустриски по изглед и со многу детали, а Porsche се одлокува со минималистискички пристап во елегантни линии. Затоа нивната соработка е многу повозбудлива и вљубениците во автомобилите и филмот нетрпеливо го очекуваат резултатот.
Засега не се знае ништо за изгледот на вселенското летало, а познавачите веруваат дека Porsche ќе биде од големо влијание на Taycan, а „Војна на ѕвездите“ ќе додаде елементи на X-крила, Y-крила и U-крила.
Сепак, ова не е прв футуристички проект на Porsche. Пред некое време германскиот производител на автомбили веќе ја објави соработката со Boeing. Тие треба да развијат систем на патуање со престиќно такси за летање, но и за летечки автомобили за приватна употреба.