Porsche официјално ја започна електричната трансформација на својата најуспешна SUV-икона со премиерата на новиот Cayenne Electric – модел кој ги комбинира традиционалните спортски вредности на брендот со најнапредна e-performance технологија.
Ова е најмоќниот сериски Porsche некогаш произведен, со перформанси што досега беа резервирани за суперспортски автомобили.
Перформанси што поставуваат нови стандарди
Во понудата се два модели: Cayenne Electric и Cayenne Turbo Electric, двата со погон на сите тркала и електронски контролирано управување со тракцијата. Turbo верзијата нуди рекордни бројки:
* До 850 kW (1.156 КС) со Launch Control
* 0–100 km/h за само 2,5 секунди
* Максимална брзина од 260 km/h
Основниот модел развива до 442 КС, со време до 100 km/h од 4,8 секунди. Новиот систем за директно ладење на електромоторот – технологија пренесена од Формула Е – обезбедува висока ефикасност и континуирана испорака на моќ.

Формула Е рекуперација и батерија од новата генерација
Cayenne Electric нуди рекуперативна моќност до 600 kW, што значи дека 97% од сопирањата се изведуваат без активирање на механичките сопирачки.
Вградената 113 kWh батерија овозможува:
* Досег до 642 km (WLTP)
* Ултрабрзо DC полнење до 390–400 kW
* Полнење 10–80% за помалку од 16 минути
Динамика и удобност на највисоко ниво
Стандардната адаптивна воздушна суспензија со PASM, управување со задна оска и опциите како Active Ride системот обезбедуваат стабилност, агилност и удобност без преседан во SUV сегментот.
Cayenne останува способен и надвор од асфалтот – достапен е Off-Road пакет со подобрен геометриски пристап и зголемена робусност.
Дизајн за иднината
Електричниот Cayenne добива прогресивен изглед со:
* Нови Matrix LED светла
* Аеродинамички обликувана каросерија (Cd 0,25)
* Двобојна странична линија и врати без рамка
* Активни аеродинамични елементи, вклучувајќи адаптивен покривен спојлер и аеролопати позади
Внатрешноста носи повеќе простор благодарение на поголемото меѓуоскино растојание, до 1.588 литри багажен простор и нови „Mood Modes“ кои ја приспособуваат атмосферата според расположението.

Нов дигитален екосистем
Cayenne Electric добива целосно нов Porsche Driver Experience, со:
* 14,25-инчен OLED кокпит
* Централно закривен Flow Display
* Опционален екран за совозач
* AR head-up дисплеј
Новата Porsche Digital Interaction нуди подобрен гласовен асистент, интеграција на апликации и можност за дигитален автомобилски клуч.
Со Cayenne Electric, Porsche ја комплетира својата стратегија на паралелна понуда: електрични модели, мотори на согорување и plug-in хибриди.
Новиот модел веќе е достапен за нарачка во Porsche Center Skopje.









