Иако досега неколку пати се појави во јавноста, Porsche дури сега ја откри внатрешноста на моделот Taycan.
Во јули годинава, поранешниот Формула 1 возач, Макс Вебер во рамките на фестивалот на брзина во Гудвуд го возеше овој автомобил по што беше претставена надворешноста, а сега мистеријата е разрешена со прикажување на внатрешноста.
Од објавената фотографија може да се заклучи дека ентериерот е инспириран од моделот 911, но при тоа не може да се забележат сите детали како што се седиштата и комфорноста која се нуди на возачот и патниците во внатрешноста на кабината.
Официјалните податоци покажуваа дека до 100 км/ч. забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење може да помине речиси 500 км.