Porsche ja најави Targa 911 – премиерно на 18 мај

ОБЈАВЕНО НА:

Последните две години Porsche претстави неколку верзии на 911. Така, покрај серијата 992 претстави Coupe и Cabrio изведби како и Turbo S.

Сега го најавува доаѓањето и на 911 Targa, модел чија премиера е закажана на 18 мај.

Според шпекулациите со Targa верзијата на 911 доаѓа 3,0 литарски шест цилиндрен мотор со моќност од 385 КС и 450 Nm, како и S изведба со 450 КС и 530 Nm. Покрај на погон на задните, ќе биде достапен и на погон на сите четири тркала.

Дополнително, должината изнесува 4.519 мм, широчината 1.852 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.450. Повеќе детали ќе бидат познати на премиерата, а во продажба се очекува овој модел да се појави кон крајот на оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK