Porsche ги претстави GTS и GTS Coupe изведбите на Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche ја збогати понудата на моделот Cayenne откако ги претстави новите две изведби. Станува збор за GTS Coupe и GTS изведбата.

GTS Coupe доаѓа со изменет дизајн на задниот дел чиј кровни линии се драстично спуштени кон багажниот простор со што се обезбедува препознатливиот купе изглед како и кај останатите купе изведби на SUV моделите.

Останатите карактеристки, вклучително и дизајнот и технологијата е идентична кај двете овие изведби, споредбено и со класичниот Cayenne модел. Тоа значи деке двете изведби доаѓаат со стандардизираните PASM (Porsche Active Suspension Management) и PTVP (Porsche Torque Vectoring Plus) системи. Тука се новите 21 инчни RS Spyder фелни, новите седишта во внатрешноста кои се дел од стандардниот спортски GTS пакет.

2021 porsche cayenne gts coupe

Значително подобрување има кај мотористиката. Овие две изведби добиваат 4,0 литарски twin-turbo V8 мотор со 460 КС и 620 Nm. Благодарение на овие мотори, забрзувањето до стотка изнесува 4,2 секунди и достигнува најголема брзина од 270 км/ч.

Цената на GTS изведбата изнесува 108.650 американски долари додека на GTS Coupe 111.850 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK