Porsche ги награди вработените со бонус од 9.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

За повеќе од 21.000 работници на Porsche 2016 година беше најдобрата, а тоа го потврдува и компанијата која реши да им исплати бонус. И тоа не „обичен“ туку подеднакво рекорден како и заработувачката. Секој вработен ќе добие по 9.111 евра, што ќе им биде исплатен до две рати.

Првиот дел опфаќа директно исплаќање на 8.411 евра на сметките на работниците, а другите 700 евра ќе бидат уплатени во пензинскиот фонд на вработениот.
Ова е рекорен бонус во семејството на VW, и се базира на постигнатите резултати претходната година. Во 2016 година Porsche имаше 22,3 милијарди евра приход, а оперативните резултати се зголемија за 14 отсто на 3,9 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK