Porsche дизајнираше вселенски брод за нова видео игра

ОБЈАВЕНО НА:

Новата игра на Naughty Dog, Intergalactic: The Heretic Prophet, ќе го прикажува овој футуристички брод дизајниран од Porsche...

Porsche прави многу навистина кул работи надвор од производството на автомобили. Брендот произведува и облека, чевли, додатоци – што се навистина добри. Но, нема да можете да го купите најновиот проект на Porsche, освен ако не сте лик во претстојната видео игра, Intergalactic: The Heretic Prophet.

Porsche соработуваше со развивачот на играта Naughty Dog (Crash Bandicoot, Uncharted, The Last of Us) за да смисли сопствен вселенски брод специјално за најновиот меѓугалактички научно-фантастичен трилер креиран од студиото.

Се вика Porsche 984 Tempest NDX – како концептниот автомобил со две седишта од 1980-тите кој никогаш не стигнал до производство. И тоа е главното превозно средство за главниот лик на играта, ловецот на награди, Џордан А. Мун

Надвор од ознаката на бродот, нема многу навестувања за корените на Porschе. Масивната осветлена ознака „PORSCHE “ го покрива задниот дел, се разбира, со табличката со име „984 Tempest NDX“ во иконичниот фонт на Porsche веднаш под неа. Дури се чини дека има суптилно лого на Porsche на гребенот на надворешноста на пилотската кабина што можеби ќе можете да го забележите во првиот трејлер од играта.

Вселенскиот брод изгледа многу футуристички и одвнатре со неколку ретро технологија од 1980-тите, исто така распространета во кабината, што одговара на естетиката на играта како Blade Runner.
Има дури и CD-плеер на Sony во стилот на џубокс што Мун го користи за да свири некои слатки мелодии, како, во овој случај, Pet Shop Boys.

Самата игра нема датум на издавање, но веројатно нема да биде пуштена во продажба пред дури некаде во 2026 година.
Што се однесува до Porsche, ова не е првиот вселенски брод на производителот изработен по нарачка. Имено, Porsche во 2020 година создаде „ѕвезден брод“ (star sheep) за тогаш претстојниот филм „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ (Star Wars: The Rise of Skywalker ) наречен „Три-крила S-91x Pegasus Starfighter“ (Tri-Wing S-91x Pegasus Starfighter).

Од двете креации, го претпочитаме најновиот „уметнички израз “ на Porsche за меѓугалактички спортски автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK